Служби од Центарот за јавно здравје во понеделникот (23 март 2020 г.) наутро извршија дезинфекција на просториите во зградата на Општина Кочани.
Вработените во Општина Кочани кои не се опфатени со препорачаните мерките за заштита од болеста КОВИД-19, непречено работат.
Комуникацијата со странки се одвива електронски и телефонски, а нормално функционира Едношалтерската канцеларија.