Дезинфекција на улиците во Чешиново-Облешево

Општина Чешиново-Облешево согласно препораките на Владата денес спроведе дезинфекција на сите улици и јавни површини на територијата на општината.
Редовна е примената на мерките од страна на локалните институции со цел да се спречи внесувањето и ширењето на коронавирусот.
Повторно апелираме до сите граѓаните да ги следат препораките да постапуваат одговорно кон своето и здравјето на другите и да ги почитуваат мерките и препораките од Министерството за здравство и Светската здравствена организација.
Избегнувајте движење надвор од домовите. Сите лица кои претходниов период патувале во високо ризичните и средно ризичните земји, да се самоизолираат.
Избегнувајте непотребни контакти, не се собирајте во групи, не излегувајте без потреба. Не дозволувајте полициските или медицинските служби да ве опоменуваат поради вашето несовесно однесување!
Непочитувањето на препораките за заштита од болеста КОВИД-19 е казниво!

Општина Чешиново-Облешево

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial