Дезинфекција на јавните површини во Зрновци

Согласно акцискиот план што го изготви Кризниот штаб на Општина Зрновци, денес членовите на Кризниот штаб, вработените во КЈП “Водна кула” и стотици граѓани извршија целосна дезинфекција на улиците во Зрновци и семејните дворови на жителите во општината. За таа цел Општина Зрновци обезбеди средства за дезинфекција кои беа поделени на граѓаните, а вработените во комуналното претпријатије со соодветна заштита ги дезинфицираа јавните површини во селото и населените места.

-„Ме израдува масовното учество на граѓаните, значи, свесни за сериозната состојба и дека само сплотени ќе го победиме овоа зло. Сепак уште еднаш апелирам, најдобрата превентива а да се седи дома и што помалку меѓусебни контакти, претпазливо при купување намирници, користете го гелот за дезинфекција и пред пазарувањето и после наплатата, маска користете само во затворен простор дури и кога сте сами, надвор држете растојание барем од 2м. – рече Блаже Станков градоначалник на Општина Зрновци.

Ова е една од мерките на Општината за спречување на ризикот од ширење на коронавирусот. Според официјалните податоци шест лица од Зрновци се наоѓаат во превентивна домашна самоизолација.

И.Матеничарски

Сподели: