Декемвриска крводарителска акција во Црвен крст Кочани

Триесет крвни единици се собраа на декемвриската крводарителска акција  организирана од кочанскиот Црвен крст. Ова е последна крводарителска акција за оваа година, а истата се спроведе со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

  • „Ова е последна осумнаесета акција за оваа година. Исто така  за наредната година   планирано да се реализираат осумнаесет акции од кои дванаесет во Црвен крст и шест акции на терен.  Покрај ова, за 2020 година планирано е одбележување на значајни датуми за промоција на крводарителството како,  17 март  Денот на крводарителството во Македонија  и 14 јуни Светскиот ден на крводарителството. – изјави Анета Коцева секретар на Црвен крст Кочани.

Од Црвениот крст информираат дека и догодина ќе работат на мотивација на млади крводарители како идна донаторска база. Преку мотивациски работилници за крводарителство во средните училишта во Кочани , учениците ќе се запознаваат со бенефитите од крводарувањето и можноста за дарување на крв.

Исто така за утре планирана е активност за подарување на новогодишни пакетчиња на децата сместени на детското одделение при Општа болница Кочани.  Пакетчињата се обезбедени преку хуманитарни активности на училишните клубови на Црвен крст Кочани.

Ова активност Црвениот крст ја организира традиционално во пресрет на новогодишните празници.

Сподели: