Делегација на Општина Зрновци во посета на општина Цетиње, Р. Црна Гора

Делегација на Општина Зрновци деновиве беше во официјална посета на општина Цетиње, Р. Црна Гора. Посетата беше можнст за размена на искуства и планови за идни соработки помеѓу двете општини.

– При посетата на Општина Цетиње, историската престолнина на Република Црна Гора, остваривме работна средба со заменик Градоначалникот, господин Милош Мудреша. На состанокот разменивме искуства идеи и планови за идни соработки. Воедно договоривме започнување постапка за Меморандум за соработка и збратимување на општина Зрновци со Престолнина Цетиње. За целосната организација им се заблагодарувам на госпоѓа Будимирка Џуканович – Национален координатор во Министерство за труд и социјална политика на Република Црна Гора. Продолжуваме посветено да ја претставуваме општина Зрновци со своите белези, потенцијали и планови за развивање надвор од границите на Република Македонија, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Сподели: