Денес на Споменикот на Слободата, широка делегација на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани, на чело со кандидатот за градоначалник на општина Кочани, Љупчо Папазов, положија свежо цвеќе.

Секој ден е нова борба за Македонецот!
11 Октомври е врежан во колективната меморија на Македонците како ден на слободната мисла и национална кауза.
Нашиот долг е кон оние што се избориле за нашата денешна слобода, но им должиме и на идните генерации, нашите синови и ќерки, нашите внуци да им ја оставиме слободата каква што сме ја добиле. И да се бориме за напредок, за добар живот и за стабилност и сигурност за секој граѓанин.
Сведоци сме на секојдневното ограничување на слободата, но сепак тука сме, истрајни сме и ќе продолжиме…
За многу години 11-ти Октомври.
Вечно да се паметат хероите од Антифашистичката борба.
Честит празник Македонци!, стои во честитката од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани.