Делегација од ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани положи свежо цвеќе во чест на празникот Илинден

По повод големиот македонски празник Илинден – Денот на републиката, партиска делегација од ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани предводена од потпретседателите на Општинскиот комитет, Гоце Марков и Перо Георгиевски положија свежо цвеќе пред споменикот на претседателот на Крушевката република Никола Карев, во Паркот на Револуцијата во Кочани.

Тие се поклонија и одадоа почит во чест на паднатите борци за слободна Македонија, на хероите кои се бореа за суверена и самостојна држава.

– Илинден е најсветлиот ден во историјата на Македонија, кој ги врзува сите генерации кои се бореа за слободна и независна Македонија. И во 1903-та и во 1944-та година на овој ден народот се обединуваше под бајракот на слободата на татковината во борбата за своите човечки правдини против вековите ропства и окупации. Идеалот никогаш не смее да згасне, бидејќи и борбата за Македонија вечно ќе трае. Слава им на сите кои ги положија своите животи за слободна Македонија! Нека е честит и вечен празникот Илинден! Нека е вечна Македонија!, стои во пораката од ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани.

Македонија денес го одбележува Денот на републиката, празник со кој се прославуваат двата големи историски и државотворни настани, 118 години од Илинденското востание и 77 години  Првото заседание на АСНОМ.

Сподели: