Поради реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа од страна на екипи на „Електродистрибуција“ денеска, понеделник(25.10.2021) прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат:
Од 09 ч. до 14 ч., корисниците на ул. Тодосија Паунов (од градското кино до кафана Два другара кај кружниот тек), Градски кино Бели Мугри, ул. Кеј на Револуцијата (од мостот кај хотел Ледер до градското кино).
Од 08:30 ч. до 15 ч., корисниците на ул. Роза Петрова (околу зграда Белведере), ул. 1-ви Мај, ул. Мородвиска Епископија, ул. Пере Тошев (дел), Станбена зграда Белведере на ул. Роза Петрова.