Делото „Портрет на девојка“ на македонскиот уметник-сликар Михаил Корубин се продаде за 300 илјади денари на хуманитарната аукција посветена за настраданите во трагедијата во дискотеката „Пулс“.


Во НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани попладнево се одржа хуманитарна аукција на уметнички дела на познати сликари кои беа понудени на заинтересираните учесници. На аукцијата беа изложени над 40 дела и најголем дел од нив беа купени од страна на присутните.

На аукцијата присуствуваше претседателката на Р. Македонија, Гордана Силјановска Давкова, в.д градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, пратениците во македонското Собрание, Миле Лефков и Павел Арсоски и лидерот на опозицијата Венко Филипче.


Иницијативата за продажно хуманитарната изложба е на НУЦК „Бели мугри“ – Кочани, а се реализира со поддршка на донаторската платформа на „Сапорт Кочани“ преку која собраните средства ќе бидат донирани на настраданите во кочанската трагедија.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов


