Почитувани!
На 21.12.2020 година ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани одржа прес конференција на која освен демонстрирање на паника и закани, ги повика Државниот просветен инспекторат и Државниот инспектор за труд, детално да ја проверат работата на ООУ „Никола Карев“ – Кочани. Но, господата заборавиле да прецизираат за кој период се однесува таа проверка. Па така, ако дојде ДПИ сигурно повеќе внимание ќе му привлече работата во училиштето кога со него раководеа кадри на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи за сегашното работење може само да го констатира следното:
- Вратени долгови од 6.932.384 денари за превоз и комунални сметки направени од претходната гарнитура.
- Реновиран санитарен јазол кој претходно беше во очајна состојба.
- Замена на училишните клупи и столчиња со нови.
- Обновен под со ламинат во училниците на први спрат.
- Набавени лап-топ компјутери, печатачи ,Смарт таблаи друга ИКТ опрема.
- Оплеменет училишен двор со повеќе од 100 садници.
- Повеќекратно зголемени средства за хигиена и дезинфекција на просториите во училиштето.
- Заменети прозорците и надворешните врати во ПУ во с. Тркање За крај, ве известувам дека истиот ден пред да го направите пресот и го оспорувате распишаниот оглас за вработување наставник по музичко образование, училиштето беше посетено од ДПИ кој не констатира никакви неправилности. Самиот факт што излегувате пред медиумите, а претходно не сте се информирале за темата на која го правите пресот, зборува за вашата несериозност и политички дилетантизам. Во секој случај, ви благодарам што го повикувате ДПИ да го испита работењето во училиштето. Се надевам дека наскоро пак ќе бидеме посетени и сите потребни документи за досегашното работење ќе им бидат доставени на увид.
Со почит
Биљана Петрова – директор на ООУ „Никола Карев“ – Кочани