Почитувани ОК на ВМРО ДПМНЕ на 11.06.2020 год.излезе со соопштение дека во текот на вчерашниот ден коалициониот партенер на СДСМ,Аксел Ахмедовски организира митинзи со поголемо групирање на граѓани со барање за постапување со соодветни поднесоци против организаторите.
Еве да дадам објаснување и да ја информирам јавноста како повикан во истото соопштение до јавноста.
Разбирлива е нивната „преголема“ загриженост за здравјето на грѓаните од Општина Кочани а пред се за здравјето на ромската заедница во ромското маало. Но сметам дека загриженоста треба да ја пренасочат малку повеќе околу нив и нивното приградско опкружување каде се утвредени неколку кластери на заразени од пандемијата.
За среќа во ромското маало овој проблем е незабележителен но не поради нивната грижа туку поради почитувањето на мерките од здравстевните институции , традиционалната изолираност на населението во гето каде се појавуваат само за предизборна манипулација и кога треба да ги приведуваат во полициската станица.
Тоа што е видено преку социјалните мрежи нее предизборен митинг. По барање на неколку преставници во неформалниот сектор без градоначалникот на општината и без директорот на КЈП,,Водовод,, бев присутен на лице место на неколку минути каде утврдив дека се запазени сите мерки за заштита од Корона Вирусот со носење на заштитни маски и пропишана дистанца од два мерти а за кое неколку месеци наназад и јас лично преку социјалните мрежи апелирав за придржување кон истите и каде дадов информација за мојот ангажман околу реактивирањето на нивната дејност како лица економски најпогодени од моменталната состојба со пандемијата во државата нешто за кое тие ниту сакаат ниту можат да го направат.
Општопознато на Кочанската јавност е и Видно е дека местото на настанот е на улица која од двете страни е густо населена каде неповикани сами се појавија лица кои не се дел од неформалниот сектор како посматрачи од своите домови.
Сепак сметам дека вистинската причина за наводниот страв нее заради коронавирусот и „преголемата“ грижа за Ромите туку заради нашиот авторитет и углед кој за кратко време со самото физичко присуство спонтано може да мобилизира огормен број на граѓани од ромската заедница. Е, тоа кај некого оправдано внесува вознемиреност и е разбирливо.
Аксел Ахмедовски
Претседател на ПДПР