Дербито „Осогово“ – „Овче Поле“ со хуман предзнак за помош во лекувањето на Димче Малчев

Дерби натпреварот од Третата фудбалска лига – Исток  помеѓу екипите на ГФК „Осогово“ и ФК „Овче Поле“ што ќе се одигра в недела, 9 април од 15ч. на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ќе биде од хуманитарен карактер, односно  собраните средства од влезниците ќе бидат наменети за лекување на Димче Малчев од с. Тркање.

Малчев по добиениот мозочен удар останува неподвижен и во моментот за него се грижат неговите малолетни деца и сопругата која боледува од карцином. За негово лекување потребни се 11 илјади евра за третман во поликлиниката  Neuromedic Grupa + во Србија.

Влезницата за натпреварот чини 50 денари, а од утре, петок, може да се набави во претпродажба во Кафе – бар „Пролет“ и Кај Шишко.

За помош на Димче Малчев отворена е телефонска линија за донација и тоа:

143-183 на Телеком како и донации на наменската трансакциска сметка.

И. Матеничарски

Сподели: