Десет медали, од кои два златни, три сребрени и пет бронзени освоија џудистите од Џудо клубот „Гладијатор“ на Државнито џудо првенство за помлади пионери и кадети што вчера се одржа во Прилеп.
„Вчера (26.06.2021) во Прилеп во конкуренција од околу 200 натпреварувачи Џудо клубот „Гладијатор“ од Кочани настапи со 10 свои натпреварувачи во 2 старосни категории млади пионери и кадети каде се покажа во одлично светло и постигна 100 постотен учинок.Освоивме 10 медали и тоа во млади пионери Матео Станоев прво место, Габриел Станоев второ место, Милан Станоев трето место, Петар Новков трето место и Благоја Благоевски трето место. Во категоријата кадети прво место Дамјан Крстов, второ место Христијан Павлов, второ место Станислав Грпов, трето место Стефанија Павлова, четврто пласирана во борбата за трето место Љубица Наунова“ информираше Драган Шеќероски, тренер на Џудо Клуб „Гладијатор“ од Кочани.
Претходниот викенд, џудистите од „Гладијатор“ имаа успешен настап и на Државното првенство за пионери и сениори што се одржа во Скопје.
Од Џуди клубот „Гладијатор“ ја искористија приликата да се заблагодарат на компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ за поддршката која ја даваат на кочанскиот џудо клуб.
И. Матеничарски