„Детска патувачка фолк библиотека“ – музичко-фолклорен настан во Кочани

Во Мултикултурниот центар во Кочани денеска се реализираше музичко – фолклорниот настан „Детска патувачка фолк библиотека“  при што беа промовирани две фолк-сликовници.

На интерактивниот настан со музички изведби учествувааа ученици од основните училишта од Кочани и населбата Оризари кои го претставија македонското фолклорно наследство на младите генерации.

– Целта на ваквиот интерактивен настан, каде што младите ќе земаат учество е да ги научиме младите генерации да го негуваат и да го зачуваат македонското музичко-фолклорно културно наследство, истакнаа од ЈОУБ „Искра“ – Кочани.

Настанот беш во организација  на ЈОУ Библиотека „Искра“, во соработка со  ООМУ „Ристо Јуруков“ и „ФОЛКОНИКА“- Центар за зачувување на македонската фолк музика, фолклорно творештво, едукација и иновации за деца.

И. Матеничарски

Сподели: