В среда, на 27 ноември 2019 г., најмладите сограѓани згрижени во објектот„Ѕвездички“ на Детската градинка „Павлина Велјанова“ ќе се вклучат во акцијата запошумување што ја организира Градинката во соработка со Општина Кочани иКомуналното јавно претпријатие „Водовод“.
Децата од големата група ќе засадат млади туи, брези и гинко билоба во кругот наобјектот, со обврска да се грижат и да ги одгледуваат садниците при растењето.
Директорката Едита Миткова, истакнува дека со оваа акција сакаат на децата да им гопотенцираат значењето и улогата на пошумувањето и одржувањето на садниците заздравата животна средина и дека акцијата е корисна за стекнување позитивни навикикај најмладите.
Истовремено, оваа акција е дел и од проектот „Екоградини во детските градинки“ штосе реализира во Детската градинка „Павлина Велјанова“ преку програмата „Еразмусплус“, со која децата практично се едуцираат за органско производство.Акцијата за пошумување во објектот „Ѕвездички“ ќе започне во 12 ч.