Дечињата од „Павлина Велјанова“ во посета на ООУ „Никола Карев“ – Кочани

ООУ „Никола Карев“ – Кочани беше домаќин на децата од големата група при ЈОУ ДГ „Павлина Велјанова“  Кочани, активност за запознавање со училиштето и условите кои ги нуди за образувањe во него.

– Вчера имавме чест гости на нашето училиште да ни бидат дечињата од Детската градинка,,Павлина Велјанова”- Кочани. Преку интерактивни работилници,детски полигони и станици со физичка активност до работилници во училишната медиатека и посета на целодневниот престој заедно со нашите вредни наставнички  тие се запознаа со самото училиште и условите кои ги нудиме на самите ученици. На дечињата им беа доделени скромни поклони, а наш најголем поклон беа детските насмевки и задоволството на нивните лица  од настаните во кои тие беа вклучени заедно со нивните идни соученици. Благодарност до вработените и раководителката на детската градинка ЈГДУ,,Павлина Велјанова”-Кочани за соработката со нашето училиште, соопштија од ООУ „Никола Карев“ – Кочани.

Сподели: