Дејан Манасиев викендов учесник на ридско-брзинската трка во Пеќ, Р.Косово

Дејан Манасиев од Кочани викендов (4-ти и 5-ти јули) ќе учествува на ридско-брзинската трка  што ќе се одржи во Пеќ, Република Косово.

Манасиев ќе се натпреварува во конкуренција на  64 тркачи, претежно од Косово, но и натпреварувачи од Албанија, Црна Гора, Полска ,Австрија и Македонија.

-Благодарам на несебичноста на кочанските компании кои ми помогнаа околу припремите и опремата за возилото, како и на „Кожа Мак“ од Скопје. Секако, најголема поддршка ми е од фамилијата која ме поддржува во моите планови и верува во мене. Трката „Пеќ“ ќе биде прво натпреварување со ова возило, а пред мене е долг период на учење и подобрување, изјави за Гласно.мк Дејан Манасиев.

За него ова е деби на стазата во Пеќ, а ќе вози со својот автомобил „Renault Clio“, на кој периодов интензивно  работеше за негова подготовка и опремување.

За викендов во Пеќ се очекува дожд што дополнително ќе ги отежни условите на трката, но сепак Манасиев е оптимист и се надева на успех.

Нам ни преостанува да му посакаме многу среќа,  што повисок пласман и претставување на Кочани и Македонија во најдобро светло.

И.Матеничарски 

Сподели: