Диви депонии никнуваат на секој чекор

Секојдневно сме сведоци на неодговорноста на дел од граѓаните, кои отпадот од домовите го фрлаат каде ќе им стигне.

Една од новите диви депонии се наоѓа на улицата „Страшо Ербапче“ во непосредна близина на Општата болница во Кочани. Хартија, пластика и разна дрвенарија е само дел од отпадот кој неодговорните граѓани го имаат исфрлено на ова место.

Деновиве на социјалните мрежи граѓаните реагираа дека слична ваква депонија има формирано и во непосредна близина на старата филтер станица во Кочани.

Дивите депонии не се само резултат на ниската еколошка свест на граѓаните, туку и на неажурноста на комуналните инспектори, кои се должни да ги откријат и санкционираат сторителите. Колку законот не функционира како треба, говори и фактот дека минатата недела целосно беше опожарено Кочанското поле, но сеуште никој не е казнет.

Крајно време е да се стави ред на депоните, а инспекторите да си ја вршат својата работа за која се платени.

И.Матеничарски

Сподели: