Стадо диви свињи деновиве е забележано на патниот правец кон браната „Гратче“. До редакцијата на glasno.mk пристигнаа фотографии, на кои јасно се гледа стадо диви свињи како го поминува патот.
Фотографиите се направени во вечерните часови, а појавата на дивеч е опасност за граѓаните кои го користат овој патен правец, особено навечер, кога ги посетуваат ресторантските капацитети на езерото „Гратче“. Поради оваа појава се препорачува граѓаните да бидат крајно внимателни, пред се заради нивна лична безбедност.
Исто така сопствениците на викенд куќите што се наоѓаат покрај патот кон езерото, реагираат дека честопати овие животни се „гости“ на нивните имоти, предизвикувајки им штети.
Според Законот за ловство во периодот од 1-ви февруари до 30-ти септември на сила е забраната за лов на диви свињи. Сепак доколку се јави потреба, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство може да издаде наредба за вонреден отстрел на штетен дивеч.
И.Матеничарски