ДИЖС: Проверка на емисиите по вградувањето на филтерот во Пејпар Мил

Токму на Денот на Планетата Земја, акредитирана лабораторија врши мерења на прашина и отпадни гасови од котел на пелети во Пејпар Мил во присуство на директорката Ана Петровска и надлежен државен инспектор за животна средина.

По надминувањето на граничните вредности за емисија на прашина, Пејпар Мил инвестираше во вградување вреќаст филтер што, според производителот, треба да ги намали вредностите на емитирана прашина под 50 mg/m3.

Направени се дополнителни измени во дотурот на пелетите и се планираат интервенции за подобрување на согорувањето во котелот.

Извештајот на акредитираната лабораторија што ќе го провери учинокот на филтерот во намалувањето на емисиите ќе биде готов за две недели, а резултатите како и досега ќе бидат достапни на јавноста.

Државен инспекторат за животна средина

Сподели: