Во понеделникот, Клубот за реално аикидо „Нико“ од Кочани го направи едно од најмасовните полагања за појаси во историјата на овој спорт во Македонија.
Пред претседателот на Аикидо федерацијата на Македонија Ѓуро Илиќ, мајсторот Јордан Христовски и тренерот на клубот мајстор Николчо Гоцев своите аикидо вештини ги покажаа шеесет аикидисти на „Нико“.
Испитната комисија беше задоволна од прикажаното, со надеж дека младите спортисти ќе прераснат во врвни мајстори во аикидо.
„Нико“ е еден од најбрзо растечките клубови во нашата земја и предводник во популазирањето на оваа вештина.