Директорите на основните и средни училишта во Кочани на средба со градоначалникот Илијев

На почетокот на второто полугодие, директорите на основните и на средните училишта во Кочани одржаа работна средба со градоначалникот Николчо Илијев.

На средбата се анализираа резултатите и проблемите во првото полугодие од 2020/21 година и состојбата за реализација на наставата во второто полугодие.
Регистрираните отсуства на учениците при физичко присуство и на настава од далечина, во некои основни училишта беа определени како своевидни проблеми произлезени од родителите, а не од учениците. Притоа беше истакната потребата од вклучување на граѓанскиот сектор со цел да се влијае на јавното мислење за односот на родителите кон наставниот процес и беше нагласен бескомпромисниот став дека нема да престане борбата со кочничарите на воспитно-образовниот процес.
На работниот состанок беше истакнато дека во сите училишта се реализирани повеќе инфраструктурни проекти.

– Тоа што сите заедно го направивме е за поздрав, доказ дека со силна желба и добар концепт може да се успее. Дел од училишните дворови и терени се уредуваат, се гради во функција на граѓаните. Трасираме нов правец во развојот на нашата општина, благодетите ќе ги почувствуваат сите, и ова се рамки кои во иднина тешко можат да се напуштат. Општината продолжува со поддршката на училиштата за апликација на проекти до меѓународните фондации и организации – истакна градоначалникот Илијев.

Во врска со ставот на дел од матурантите против полагањето матура, беше истакнато дека директорите на образовните институции ниту донесуваат ниту менуваат закони, туку само ги почитуваат и спроведуваат.

Општина Кочани

Сподели: