Дискусија за нацрт-извештајот од социјалното мапирање на состојбата и потребите на лицата со попреченост во Општина Кочани

Денеска во организација на Општина Кочани се одржа дискусија за нацрт-извештајот од социјалното мапирање на состојбата и потребите на лицата со попреченост во Општина Кочани.

Во присуство на претставници од надлежни институции, граѓански здруженија, стручни  служби, образовни и лични асистенти и на лица со попреченост, беа претставени резултатите од истражувањето направено со цел да се адресираат потребите и да се  дадат препораки за унапредување на локалните политики и практики во овој домен.

Учесниците на настанот имаа можност да предложат области и форми каде треба да се направат интервенции за поголема пристапност, социјална интеграција или за остварување права.

Настанот е реализиран како дел од проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“, имплементиран од ЗЕЛС и НАЛАС – Мрежа на асоцијации на локални власти од ЈИЕ, во соработка со ГИЗ.

Сподели: