Дистрибуирани 140 пакети храна и хигиена донација од Германски Црвен крст

Мобилни тимови на Црвен крст Кочани неделава извршија дистрибуција на 70 пакети храна и 70 пакети хигиена, донација од Германски Црвен крст.

Пакетите беа наменети за возрасно население од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево како помош во справување со последиците од коронавирусот.

Црвен крст Кочани уште од почетокот на кризата активно е присутен на терен преку дистрибуција на хуманитарна помош, сервисни услуги за набавка на храна и лекови на ранливи категории граѓани и лица во изолација, како и превентивни активности за заштита на населението од КОВИД-19.

ОО Црвен крст Кочани

Сподели: