Доброволците – пожарникари во хумана предновогодишна акција за обезбедувње пакетчиња за деца од социјален ризик

По повод новогодишните празници, Доброволното противпожаро друштво – Кочани се приклучи кон националната иницијатива #И јас сум дете за обезбедување на новогодишни пакетчиња за деца од социјален ризик од општината.

Станува збор за иницијатива преку која на неколку локации во Кочани се поставени кутии за донација на новогодишни пакетчиња, кои пред Нова година ќе бидат подарени на деца од загрозени семејства  како хумана активност и гест на пожарникарите-доброволци.

-По повод светскиот ден на волонтери ДПД-Кочани се вклучи во проектот #ијассумдете преку кој собираме новогодишни пакетчиња за деца од ранливи категории. Проектот се спроведува на територија на целата држава. Нашите волонтери поставија кутии каде што граѓаните ќе може да остават пакетчињата, и тоа во „Ла Спеса“, кафе-бар „Класик“, маркетите „Кај Тоше“ и „Разнопромет“ и во станицата за технички преглед „Кузе Моторс“. Секој може да остави пакетче на овие пет локации, а со тоа да даде свој придонес  за повеќе насмевки кај најмалите. Сите собрани пакетчиња ќе бидат поделени пред Нова Година од страна на наши волонтери, истакна Златко Илиев, претседател на ДПД-Кочани.

Сподели: