Во просториите на Фабриката за вода денеска беа доделени наградите од ликовниот конкурс „Штедиме и пречистуваме вода – потребна ни е за во иднина“ на авторите на најдоброизработените ликовни творби.
Ликовниот конкурс е организиран по повод 22 март – Светски ден на водата, во пет општини каде се имплементира проектот финансиран од Владата на Швајцарската конфедерација за третман на отпадни води.
– Ликовниот конкурс е организиран по повод 22 март – Светски ден на водата, во пет општини каде се имплементира проектот финансиран од Владата на Швајцарската конфедерација за третман на отпадни води. Ликовниот натпревар беше организиран од страна на Швајцарскиот консултант ЕВП во соработка со Јавните комунални претпријатија каде што овие проекти се одвиваат. Согласно пропозициите за ликовниот натпревар право на учество имаа сите ученици од шесто до деветто одделение. Евалуацијата ја изврши Швајцарскиот консултатнт и денеска доделивме една прва награда за ликовна творба и пет втори награди – изјави Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“ – Кочани.
Прво наградена е литературната творба на ученичката Надица Апостоловска од 9-то одделение при основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ Кочани, под менторство на професорката по ликовно образование, Марија Мицова Гацова.
Наградите за второ место беа доделени на Анабела Коцова од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Кочани, Леа Ангелова, Наталија Карова и Мартин Јовиќ од ОУ „Никола Карев“ под менторство на професорката Радмила Едровска и Емили Стаменкова од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари под менторство на Оливера Атанасова, професор по ликовно образование.
– На ликовниот конкурс беа вклучени општините Кочани, Виница, Берово, Делчево и Пехчево, каде се имплементира проектот. Ликовниот конкурс е организиран во рамки на јавната кампања којашто паралелно се одвива со имплементацијата на проектите и целта на кампањата е зголемување на јавната свест во однос на тоа како ги употребуваме водите, ресурсите на вода и свесноста за значењето на реупотребување на водата и како да се однесуваме со отпадните води – истакна Јулјана Лапевска, координатор на проектот.
Ликовниот конкурс „Штедиме и пречистуваме вода – потребна ни е за во иднина“ е финансиран од проектите на Владата на Швајцарската конфедерација “Проектот за третман на отпадни води Кочани“ и “Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево“.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов