Доделени признанија на учесници на ликовниот конкурс „Jiangsu International Youth Painting Contest 2020“

Четворица ученици од Училиштето за цртањеи сликање при НУЦК „Бели Мугри“ се добитници на признанија во рамки на ликовниот конкурс „Jiangsu International Youth Painting Contest 2020“ за дела работени под менторство на Александра Димитрова, раковидител на училиштето за цртање при „Бели Мугри“.

„Почитувани, со огромно задоволство Ве известуваме дека учениците од Училиштето за цртање и сликање при НУЦК „ Бели мугри “- Кочани, Василиј Стојков, Цветанка Јованова, Михајло Ефтимов и Стефанија Атанасова се добитници на признанија за учество на конкурсот „Jiangsu International Youth Painting Contest 2020“. Нивните признанија беа доделени на мини свеченост во салата на Советот на општина Кочани, . Признанијата ги додели градоначалникот на Општина Кочани г- дин Николчо Илијев, во присуствуство на менторот Александра Димитрова како претставник на НУЦК „Бели мугри“ – Кочани. Честитки за наградените и им посакуваме уште многу успеси во иднина, соопштија од „Бели Мугри“.

Сподели: