Донации за кочанската болница и општините во регионот по повод 11. роденден на „Амфенол Технолоџи Македонија“

„Амфенол Технолоџи Македонија“ следниот викенд го прославува 11. роденден на компанијата која во 2013 година го започна производството во погоните во Кочани.

На прес-конференција за медиумите, директорот на „Амефенол Технолоџи Македонија“, Сашко Наков соопшти дека во изминативе години компанијата бележи раст и развој при што се натфрлени и најавните и очекуваните параметри, во поглед на производството и бројот на вработени. Воедно ги најави настаните и донациите кои ќе се реализираат по повод роденденот.

– Во средината на октомври 2013 година почнаа првите активности и веќе 11 години имаме успешно работење. И оваа година обезбедивме доста средства за донации за нашиот партнер Општа болница од Кочани, со која имаме одлична соработка, како и за општините кои што гравитираат и со кои соработуваме, не само Кочани, бидејќи имаме вработени и од Пробиштип, Македонска Каменица, Берово, Виница, Зрновци, Чешиново- Облешево. За сите нив имаме предвидено донации и поддршка, и се надевам дека со тоа само ќе го зголемиме задоволството и на локалната заедница и на нашите вработени, бидејќи тие ја чинат локалната заедница, 3.200 вработени од овој регион не се малку и се важна бројка. Сметам дека со тоа ќе успееме да се оддолжиме колку-толку на локалната заедница, истакна Сашко Наков, директор на „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Компанијата очекува растот и развојот да продолжат и во иднина, а со тоа и поддршката на општините во регионот.

-Што се однесува до иднината мислам  дека сега имаме доволно обем за девет  деловни единици, десеттата ја подготвуваме, се надевам дека од јануари  ќе ја почнеме. Планот за наредната година  е проширување со уште една зграда во  автомобилскиот дел, бидејќи имавме  доста инвестиции во неавтомобилскиот  сектор, како што беа кабинети за  реституција на енергија, кабли за  медицинска намена, така што имавме  повеќе разновидност и ја продолживме  таа диверзификација на бизнисот на  „Амфенол Технолоџи Македонија” за да  можеме со сите предизвици коишто  перманентно ги имаме, да го задржиме и  осигураме растот, додаде Наков.

По повод роденденот, предвидени се низа настани за одбележување на годишнината, при што традиционално компанијата обезбеди и донации за институции.

– На 19 октомври, сабота, „Амфенол  Технолоџи Македонија” ќе ја одбележи  единаесетгодишнината од работењето и  одлучивме најголем дел од средствата  коишто се наменети за роденденот да одат  за донации. Вредна донација ќе добие  кочанската Општа болница, каде целосно е  опремен кабинет со медицинска опрема и  се што е потребно за интервенции. Со тоа  во иднина, сите коишто имаат потреба,  нема да патуваат во клиниките во Скопје  или другите градови, туку овие зафати ќе  се извршуваат во кочанската болница,  Исто така, дониравме и во детските  градинки во Чешиново-Облешево и  Зрновци. Со оглед што имаме голем број  вработени од целиот регион, „Амфенол”  како донација обезбеди поставување  автобуски постојки што ќе можат да ги  користат граѓаните на Пробиштип,  Македонска Каменица, Виница и Берово, а  донација е предвидена и за Доброволното  противпожарно друштво во Кочани,  истакна Валентина Андовска од„ Амфенол Технолоџи Македонија”.  

Идниот викенд во кругот на фарбиката предвидена е и свечена програма со забавно-музички содржини за вработените.

– На 18 октомври, во петок, на спортското  игралиште во ОУ„Св. Кирил и Методиј“” ќе  се одржи турнир во мал фудбал којшто е  веќе традиционален и на кој учествуваат  екипи од сите производни единици на „Амфенол”. Тоа ќе биде во 19 часот и ќе  претходи на прославата на роденденот. В  сабота, во 13 часот на платото пред  компанијата на новата локација ќе имаме  еден свечен, но и фамилијарен и забавен  ден. Нашите вработени ќе можат да присуствуваат со своите деца и подготвуваме еден интересен забавен  град, а на оваа дневна свеченост е  предвидено доделување признанија,  награди, благодарници и гравирани рачни  часовници за нашите колеги коишто се  вработени пет години. 193 лица ќе ги  добијат овие награди. Вечерната забава е  од 19 часот на истата локација и на оваа  свеченост ќе бидат прогласени најдобрите  вработени кои ќе добијат вредносни  ваучери, а 81 работник кои се со 10 години  стаж ќе добијат јубилејни награди. Имаме  и музички гостин, Анотиниа Гиговска и  навистина имаме причина да ја  одбележуваме оваа единаесетгодишнина  со 3.200 вработени, од кои 500 се на  возраст до 25 години, што особено радува  и убедени сме дека тој тренд ќе продолжи,  додаде Андовска.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: