Ротаракт клубот „Кочани-Виница“ и годинава по повод новогодишните празници организира активност за собирање на новогодишни пакетчиња кои ќе бидат наменети за деца од основните училишта во Кочани и Виница.
Граѓаните новогодишните пакетчиња ќе може да ги донираат на поставените штандови во Кочани и Виница, в сабота на 18 декември.
-Ротаракт клуб „Кочани – Виница“ како и претходните години ќе подарува новогодишни пакетчиња за деца од основните школи во градовите Кочани и Виница и околните села. За таа цел ве покануваме да ни помогнете да им бидеме Дедо Мраз, со тоа што ќе донесете новогодишно пакетче, а за возврат од нас ќе си добиете книга по Ваш избор! Нашиот штанд ќе биде на 18.12.2021 (сабота) во ГТЦ во Кочани од 12:00 до 14:00 часот, а во Виница кај паркчето пред ресторан „Александар Парк“, од 14:00 до 16:00 часот, соопштија од Ротаракт клубот „Кочани- Виница“.