Дониран училишен прибор од хуманитарната изложба во чест на архитектот Александар Гицов

Тимот што ја реализираше хуманитарната изложбата „Портрет на еден архитект“ во чест на градскиот архитект Александар Сане Гицов денеска донираше училишен прибор наменет за ученици од социјален ризик.

Станува збор за прибор што е обезбеден од донираните финансиски средства, а организаторите на изложбата го наменија за подрачните единици на основните училишта во Кочани.

– Денеска со гестот на донација на училишен прибор за социјално загрозени ученици на некој начин ја заокружуваме нашата изложба „Портрет на еден архитект“, посветена на градскиот архитект Александар  Сане Гицов. Изложбата имаше за цел преку една хуманитарна изложба да собере средства преку кој ќе се обезбеди училишен прибор. Помошта е симлболична за учениците од подрачните училишта во  ООУ„Кирил и Методиј“, ООУ „Никола Карев“, ООУ „Раде Кратовче“ и ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари откаде ќе бидат распределени во подрачните училишта, истакна архитектот Марија Петрова, организатор на изложбата.

Изложбата „Портрет на еден архитект“ со хуманитарен предзнак се реализираше во чест на градскиот архитект Алескандар Гицов, во рамки на 32. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

И. Матеничарски

Сподели: