Достава на решенијата за даноци и комунална такса по електронска пошта


Поради вонредната состојба предизвикана од ширењето на коронавирусот, која ги намали или запре дел од активностите на единицата на локалната самоуправа, Општина Кочани почнува со достава на решенијата за даноци и за фирмарина по електронска пошта.


– Вообичаено, за достава на овие решенија ангажиравме лица со договор на дело. Но, за да се намали ризикот од ширењето на КОВИД-19, во овој период најбезбедна е доставата по електронска пошта. Затоа ги повикуваме физичките и правните лица коишто се наши даночни обврзници и коишто имаат е-адреси, да контактираат со Општина Кочани за да им бидат испратени даночните решенија – известуваат од Одделението за даноци, такси и надоместоци од Општина Кочани.


Даночните обврзници можат да контактираат со општинските служби преку е-адресите: danoci2020@kocani.gov.mk и телефонски со службениците од Одделението за даноци: Суад Мехмед – 072 275 638; Иван Андов – 072 275 642; Марија Илиева – 070 306 068 и Блашка Серафимова – 072 306 067, секој работен ден од 7:30 до 15:30 ч.

За наплата на општинските даноци во 2020 година, Општина Кочани треба да достави 12.627 решенија за данок на имот на физички и правни субјекти и 1.742 решенија за комунална такса односно фирмарина.

Сподели: