Сообраќајот на патниот правец Кочани-Пониква денеска ќе биде во целосен прекин до 18 часот, информираат од АМСМ.
Како што наведуваат, до 30 јули, четврток, од 10:00 до 17:00 часот ќе се асфалтира објектот „Поправка и рехабилитација на државен пат Р1309, делница Кочани- Пониква (II фаза).
За време на викендот, во сабота и недела, од 10:30 до 11:00 часот и од 14:00 до 14:30 часот патот ќе биде ослободен за поминување на возила, додека денеска ќе има промена на предвидениот режим на сообраќај, односно патниот правец ќе биде во целосен прекин до 18 часот.