До 2021 Кочани ќе добие експресен пат – делницата од Штип до Крупиште ќе се вози годинава

Годинава ќе бидат пуштени првите 14,3 километри од Штип до Крупиште, како дел  од експресниот пат Штип – Кочани.   Воедно екипи на кинеската компанија „Синохидро“ работат на делницата  од Крупиште до Кочани, која според најавите треба да биде готова до 2021 година.

Со интензивирање на работите напролет, се очекува до крајот на годината да се изградат и преостанатите 14 километри од Крупиште до Кочани , со што жителите на  Кочани   ќе добијат нов експресен пат и модерно сообраќајно поврзување со остатокот од државата.

Овој патен правец ќе има четири ленти, по две коловозни и две ленти за застанување. Трасата на новиот пат Штип – Кочани минува надвор од населените места, со што ќе се намали времетраењето на патувањето и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот. 

Вкупната должина на експресниот пат е 28 километри. Се гради во две фази од Штип до Крупиште во должина 14,3 километри во изведба на „Гранит“ и 14 километри од Крупиште до Кочани од страна на кинеската „Синохидро“.  Експресниот пат треба да чини 40 милиони евра.

И.Матеничарски

Сподели: