До 23 јануари тече јавниот повик за пријавување за избор на спортист за 2019

Општина Кочани во соработка со Сојузот на спортови – Кочани и Асоцијацијата на новинари–Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2019 година.

          На манифестацијата ќе се изберат:

  • најдобар спортист за 2019 година;
  • најдобар млад надежен спортист;
  • најдобра екипа;
  • најдобар тренер;
  • –       спортски работник.

Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани во општина Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација.

При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари).

Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.

Рокот за пријавување е до 23 јануари 2020 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.

Телефон за контакт:072 275 610

Одделение за јавни дејности

Општина Кочани

Сподели: