До 30 јуни продолжен рокот за пријавување на конкурсот за обука и сертифицирање негователи за грижа на стари и изнемоштени лица

Општина Кочани и Црвен крст на Република Северна Македонија -Општинска организација Кочани  го продолжија рокот за пријавување на јавениот повик за обука и сертифицирање на негователи на стари и изнемоштени лица од општината за потребите на проектот „Подвижност“, финансиран од Министерството за труд и социјална политика и Светска Банка.

Конкурсот е објавен во рамки на проектот за подобрување на социјалните услуги, предвидува обука на негуватели и негувателки за помош и нега на стари лица, а сите кои ќе бидат обучени  ќе се стекнат со верификуван сертификат.

Повикот е отворен  до 30  јуни 2021 година. Кандидатите треба да се полнолетни државјани на Р.С.Македонија, да бидат неосудувани, во општа психо–физичка состојба за работа, да имаат завршено најмалку основно образование, да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица како и да се подготвени да обезбедуваат помош и нега во домовите на лицата по завршување на обуката. 

Предност ќе имаат лица кои живеат во Општина Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево што ја изгубиле работата во време на пандемија или се невработени од ранлива категорија граѓани.

Заинтересирани лица за работа како негувател во рамките на овој сервис, да се пријават со контакт податоци на е-маил: kocani@redcross.org.mk, на телефон 070/360-855 или да достават пријава  во канцеларијата на Црвен крст Кочани на ул. „Гоце Делчев“ 7-А во Кочани.

Сите заинтересирани кандидати ќе бидат повикани на интервју.

И. Матеничарски

Сподели: