ДПД Кочани поради добро познатата ситуација со пожарите го зголеми возниот парк со уште едно ново возило, четврто во нашата единица
Со итна набавка е обезбедено АТВ возило, четирицикал. Поради алармантната состојба истото веќе е испратен на терен, првично во Пехчево, а вчера и денес во Пресека каде беснее голем пожар.

За комплетирање на возилото со противпожарна опрема(пумпа и резервоар) потребни се дополнителни финансиски средства кои за жал во моментов ги немаме.
Колку побрзо се соберат парите и се изврши надградба за дополнителна зголемување на оперативноста, толку подобро.
Затоа во интерес на времето замолуваме до сите доколку сте во можност да помогнете и средствата да бидат обезбедени
Донациите може да се направат на трансакциска сметка на ДПД Кочани:
300050000186807 Комерцијална банка