Доброволното противпожарно друштво – Кочани го збогати својот возен парк со уште едно противпожарно возило за интервенции.
Станува збор за пратечко возило – цистерна, од марката „ТАМ“, со сад за складирање на вода од 5 тони. Возилото е опремено со комплет противпожарна опрема, црева, млазници, разделници, скала и противпожарен топ.
– Со новото противпожарно возило го збогатуваме нашиот возен парк што ќе биде од корист на нашето друштво и на Територијалната противпожарна единица – Кочани и граѓаните на Кочани. Возилото е набавено со средства добиени од Општина Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево за што им благодариме. Нашиот возен парк сега има две возила, едно навално противпожарно возило и возило цистерна, истакна Златко Илијев, претседател на ДПД – Кочани.
Возилото е купено од Доброволното противпожарноо друштво од Рогашка Слатина, Р. Словенија и денеска беше презентирано перед медиумите во кругот на Територијалната противпожарна едница – Кочани.
Од Доброволното противпожарно друштво Кочани соопштија дека во процедура е набавка на патничко комбе за превоз на пожарникари со намена за технички интервенции. До крајот на календарската година според планот на ДПД – Кочани возниот парк треба да се збогати со уште едно теренско возило за интервенција, пикап џип теренец.
И. Матеничарски
Фото: A. Арсов