Доброволното противпожарно друштво Кочани објави јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за обука за пожарникари – доброволци.
„Интервентната единица при ДПД Кочани објавува јавен повик за пожарникар доброволец.
На јавниот повик може да се пријави секое лице со наполнети 16 години без разлика на својот пол, едничка и верска вероисповет кое е жител на Општина Кочани со испраќање на порака на фејсбук страницата на ДПД Кочани со свои лични податоци, адреса на живеење и тел. број за контакт.
ДПД Кочани на сите пријавени кандидати ќе направи соодветна обука и селекција пред потпишување на пристапница за членство во ДПД Кочани.
Рокот за пријавување е 14 дена заклучно со 25.10.2022 и бројот на кандидати е ограничен!“ – стои во јавниот повик на ДПД – Кочани.
Пријавување со клик ОВДЕ.
