Доброволното противпожарно друштво – Кочани и Локалната самоуправа на Општина Чешиново – Облешево денеска ставија потпис на меморандумот за соработка заради продлабочубање на соработката со единицата на локална самоуправа.


Во сопштението на ДПД – Кочани стои:
„Денес во просториите на Општина Чешиново Облешево беше потпишан меморандум за соработка помеѓу ДПД Кочани и Општина Чешиново Облешево. Овој меморандум е последен од низата меморандуми кои се предвидени за оваа година со програмата за работа на ДПД Кочани. Преку овај меморандум за соработка сакаме да упатиме заеднички повик до сите граѓани на Општина Чешиново Облешево да се пријават за волонтери пожарникари на страната на ДПД Кочани со тоа што ќе ни испратат порака со свое име и презиме, тел за контакт и место на живеење“ – истакнаа од ДПД – Кочани.
Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на Општина Чешиново – Облешево, Далибор Ангелов и Златко Илијев, претседател на ДПД – Кочани.
Доброволното противпожарно друштво претходно потпиша меморандуми за соработка со општините Кочани, Зрновци, Виница и Македонска Каменица.
И. Матеничарски