Доброволното противпожарно друштво Кочани како проектни активности во проектот “Млади волонтери за сигурна средина за живеење” спроведе две обуки во двете средни училишта СОУ Љупчо Сантов и СОУ Гошо Викентиев, обуката за “Превенција и заштита од пожари и други елементарни непогоди” беше спроведена од професионален пожарникар на ТППЕ Кочани членови на ДПД Кочани и ДПД Свети Николе, обуката се состоеше од теоретски и практичен дел.
Обуката “Можни повреди од пожари и други елементарни непогоди и нивно санирање” беше спроведена од волонтери на Црвен Крст општинска организација Кочани и членови на ДПД Кочани и ДПД Свети Николе.
Во следниот период во склоп на проектот “Млади волонтери за сигурна средина за живеење” кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен балкан-ReLoAd2 која е финансирана од Европската унија (ЕУ) а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Проектот Млади волонтери за сигурна средина за живеење е кофинсиран од Општина Кочани ќе се спроведе јавна расправа за подигање на јавната свест за превенција и заштита од пожари со акцент на младите.