Доброволната планинска – спасителна служба „Осогово“ потпиша меморандум за соработка со градоначалниците на општините Зрновци и Виница, заради продлабочубање на соработката со единиците на локалната самоуправа.
Станува збор за меморандуми преку кои се уредува поддршката и соработката помеѓу општините и спасителската служба во делот на финансирањето, активностите и работењето.
„На наше огромно задоволство, денес, во просториите на општина Зрновци и општина Виница беше потпишан меморандум за соработка и финансиска поддршка. Чест ни е што со ваквите подвизи си даваме меѓусебна поддршка.Голема благодарност до градоначалникот на Општина Зрновци Борчо Коцев и градоначалникот на Општина Виница Миле Петков“ – истакнаа од ДПСС „Осогово“.