Драган Апостолов назначен за нов командир на Територијалната противпожарна единица – Кочани

Драган Апостолов, пожарникар – спасител во Територијалната противпожарна единица, со решение на градоначалникот Љупчо Папазов е именуван за командир на кочанската противпожарна единица.

Новиот командир Апостолов има 11 годишно искуство како пожарникар, а доаѓа на местото на досегашниот прв човек на единицата, Благој Паунов.

– Еден од главните предизвици кои ги носи командирското место е секако кадровско и техничко опремување на единицата кои ќе бидат приоритет. Располагаме со солиден возен парк кој ќе се трудиме да го зголемуваме. Како командир морам да ја споменам  и поддршката од волоонтерите од Доброволното противпожарно друштво. Мојот ангажман ќе биде насочен кон професионална и транспараентна работа како што се работеше и претходно – истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Апостолов ја искористи приликата да апелира до земјоделците кои периодов ги палат стрништата, да се однесуваат одговорно и да не ја изложуваат околината од опасност за поголем пожар од запалените стрништа.

Територијалната противпожарна единица – Кочани во моментот брои 16 пожарникари кои дејствуваат на територијата на Општина Кочани,  и на подрачјето на Зрновци и на Чешиново-Облешево.

Зголемувањето на бројот на пожарникари и техничката опремување на единицата ќе бидат едни од предизвиците со кои ќе се соочи новоименуванот командир на кочанските пожарникари.

И. Матеничарски

Сподели: