Дрвокрадци нападнале шумски полицајци во Кочани

Вработени во шумската полиција во Кочани пријавиле дека на 22.10.2020 околу 16,30 часот додека извршувале службени дејствија во содејство со полициски службеници од полициската станица Кочани биле физички нападнати од група дрвокрадци при одземање на патничко моторно возило „лада нива“ без регистарски ознаки натоварена со огревни дрва без соодветна документација.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот и приведување на напаѓачите.

Извор: Дневен билтен МВР

Сподели: