Државно првенство во борење во слободен стил – Шест медали за борачите на БК „Спартак“

Во организација на Боречката федерација на Македонија и  техничка организација на БК „Балканец“ од Штип, викендов во Штип се одржа Државно првенство во борење слободен стил за пионери и пионерки У-15 во машка и женска конкуренција.

На првенството настапија  околу 100 борачи од клубовите во Македонија борачите на „Спартак“  се освоија 6 медали од кои еден златен, два сребрени и еден бронзен во машка конкуренција, односно еден сребрен и еден бронзен во женска конкуренција.

Машка конкуренција:

Златен медал – Даријан Павлев во категорија до 68 килограми

Сребрен медал: Едис Билалов во категорија до 48 килограми и Павел Темелков во категорија до 75 килограми

Бронзен медал: Џејсон Георгиев во категорија 57 килограми.

Во екипна конкуренција машката екипа на БК „Спартак“ го освои 4-тото место.

Женска конкуренција:

Сребрен медал: Стојана Митева во категорија до 54 килограми;

Бронзен медал: Атанасија Гушкова во категорија до 46 килограми.

Женската екипа на БК „Спартак“ во екипна конкуренција се пласираше на 3-тото место.

На Државното првенство Петар Богданов остана без пласман а Мартин Цветков  не настапи поради одлуката од дежурниот лекар.

Борачите на „Спартак“ беа предводени од тренерскиот двоец Иван Јанев и Александар Павлев, додека судија на душекот од Кочани беше Игор Христов.

Сподели: