Државно првенство во борење за сениори – за БК „Спартак“ едно прво и второ и три третти места

Градот Кочани денеска беше домаќин на Државното првенство во борење – слободен стил за сениори/ки  што во организација на Боречката федерација на Македонија и техничка организација на Боречкиот клуб „Спартак“ се одржа во салата „Сашо Лазарев – Чапо“.

На првенството настапија над 80 борачи во различни тежински категории од клубовите БК „Лирија“ од  Скопје, БК „Бучим“ од  Радовиш, БК „Балканец“ од  Штип, БК „Неготино“, БК „Борец“ од Велес, БК „Аждер“ од Охрид, БК „Студеничани“, БК „Конче“ Радовиш и БК „Шкупи“ од Скопје.

Во екипна конкуренција кај мажите најуспешни беа борачите на БК „Вардар“ – Скопје кои го освоија првото место, второпласирана беше екипата на БК „Лирија“ – Скопје, третто место за БК „Бучим“ – Радовиш, додека четвртто и петто место за екипите на „Балканец“ – Штип и „Спартак“ – Кочани.

Кај жените екипно најуспешен беше БК „7-ми Мај“ од Прилеп, второпласирана екипата на „Балканец“ – Штип и треттото место за „Вардар“ – Скопје.

Кочанскиот боречки клуб „Спартак“ настапи со 12 натпреварувачи кои во своите категории освоија по едно прво и второ и три третти места.

Расул Шапиев 1 место (79 кг.)

Зоран Митев 2 место (57 кг.)

Стефан Штерјов 3 место во (64 кг.)

Драган Глигоров 3 место во (57 кг.)

Дамјан Крстев 3 место (57 кг.)

Две петти места осовија и борачите Благоја Тасески (61 кг.) и Александар Павлев во (70 кг.)

Свое учество на Државното првенство зедоа и Петар Иванов (86 кг.), Ефтим Стоименов (70 кг.), Андреј Петков (97 кг.), Горан Терзиски (92 кг.) и Стефан Миладинов (97 кг.).

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: