Во организација на Боречката федерација на Република Македонија и техничка организација на Боречкиот клуб „Спартак“ денеска во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани се одржа Државното првенство во борење во слободен стил за пионери и пионерки до 15 години.
На натпреварувањето настапија 130 борачи во машка и женска конкуренија, родени 2008 и 2009 година од 15 боречки клубови од Македонија. Настапија борачи од боречките клубови Спартак, Балканец, Бучим, Бучим Шампиони, Киро Ристов, 8-ми мај, Шкупи, Студеничани, Лирија, Вардар 1961, Тефејуз, Неготино, Борац, Чаир и Пума
Кочанскиот боречки клуб „Спартак“ на турнирот учествуваше со 13 борачи кои освоија едно прво и три трети места.
Даријан Павлев во категоријата до 57 килограми го освои првото место и се закити со титулата Државен првак на Македонија за пионери – У-15.
Славица Митева – пионерки до 46 килограми, Јован Илијев – пионери до 44 килограми и Филип Ангелов – пионери до 68 килограми се искачија на третото место на пиедесталот.
Останатите 8 натпреварувачи на „Спартак“, Стојана Митева, Андреј Соколов, Илија Иванов, Џанер Абдулов, Хрисијан Илијев, Едис Билалов, Стојанче Андонов, Кристијан Постолов и Павел Темелков иако имаа забележителен настап сепак останаа без пласман.
И. Матеничарски
Фото: „Комарец“