ПОЧИТИВАНИ СОГРАЃАНИ, ПОЧИТУВАНИ МЕДИУМИ
За жал денес здравството во Општина Кочани и граѓаните се фрлени на колена како од централната власт така и од локалната власт.Доказ за тоа е ова позади нас. Имено пред неколку години ЈЗУ,,Општа Болница,, Кочани од министерот Филипче беше преименувана во ЈЗУ,,Општа болница со ПРОШИРЕНА дејност” за да денес констатираме дека таа ни малку не е ПРОШИРЕНА, напротив таа е со ,,СКРАТЕНА” дејност ,бидејки скоро сите одделнија едвај функционираат а одредени дејности со години и не постојат.
Доказ за ова е и затворената МОДУЛАРНА БОЛНИЦА позади нас која подлого време не работи и тоа во најголемата здравствена криза предизвикана од пандемијата со COVID 19 кога бројот на заболените и починати од оваа зло кај нас беа најголеми во цел свет. Намената на оваа модуларна болница требаше да биде од помош не само на нашите граѓани туку и пошироко. За Кочанската болница пресметаа дека искористеноста е 1 % ,сепак министерот Филипче подоцна заедно со локалната власт таа ,,мала искористеност ,,не ги спречи во поставувањето на овие монтажни бараки од страна на фирми блиски на власта за милионски суми и згора на тоа истите денес да не работат скоро една година . Да потсетиме дека воедно од Истите тие фирми блиски на власта КЈП,,ВОДОВОД,, Кочани набави метларка за рекордни 5,25 милиони денари(близу 85 ИЛЈАДИ ЕВРА).
Кочанската болница е градена со самопридонес на граѓаните и како локална власт ние ке се грижиме за нејзиното унапредување и нема да дозволиме истата да пропадне и да се затвори! Да ги кажеме и барањата на матичните лекари специјалист по семејна медицина кои истите во немоќ до мене како преставник во советот на Општина Кочани ги доставија на предпоследната седница:
1.Да биде активирана Модуларната болница за сместување на заболени од КОВИД -19.
2.Надлежните институции да воспостават протокол за работа на Итната медицинска помош за транспортот на болни и заболени од Ковид -19 до ЈЗУ Клиничка болница –Штип(инфективно оделени).
3.Надлежните институции да преземат мерки со кои ке се олеснат лабораториските дијагностички постапки со ЈЗУ,,ИНСТИТИУТ ЗА ТРАНСФУЗИОЛОГИЈА,,СКОПЈЕ а која е во склоп на ЈЗУ,, Општа болница со проширана дејност,,Кочани(за испитување на Д-ДИМЕРИ кај заболени од КОВИД -19).
4.Да се овозможи матичните лекари да закажуваат рентген кај пациенти заболени од КОВИД 19. За сите овие точки советниците од СДСМ не сакаа да дискутираме со образложение дека ние преставниците избрани од народот сме биле НЕНАДЛЕЖНИ за проблемите на граѓаните од здравството притоа несфакајки дека сите ние без разлика на политичката припадност сме и потенцијани пациенти кои може да ги стрефи истата мака. Уште еден факт дека локалната власт практикувана од СДСМ како преку советот така и со Градоначалникот не успеаја заедно да обезбедат соодветна помош ниту за граѓаните ниту за здравствените работници во Општина Кочани во справување со пандемијата од КОВИД -19 СЕ НЕИСКОРИСТУВАЊЕ НА СРЕДТСВАТА ОД ПРОГРАМИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНА, ДЕТСКА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ОД БУЏЕТОН ЗА 2019 И 2020.(иако имаше едногласни одлуки од советот за купување на пулсоксиметри за мерење на сатурација кај болни од Ковид 19.ни тоа не го спроведоа преку горенаведената програма)
ЗАТОА ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ ВЕ ПОВИКУВАМЕ НА 17 ти ОКТОМВРИ СИТЕ МАСОВНО ДА ИЗЛЕЗЕМЕ И ДА ГЛАСАМЕ ЗА БРОЈ 7 КАО ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ТАКА И ЗА ЛИСТАТА ЗА СОВЕТНИЦИ ПРЕДВОДЕНИ ОД ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА И ДА ГИ КАЗНИМЕ ПРЕДСТАВНИЦИТЕ НА СДСМ. СОЗДАДЕТЕ НОВА ИДНИНА ПРОМЕНИ#ПРОЕКТИ#ПОБЕДИ
Со Почит Др. Лазо Митев – член на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ КОЧАНИ
Видео изјава со клик ОВДЕ.