Колку често сте ја слушнале фразата: „Жал ми е, едноставно немам време“, како одговор на повик на пријател за кафе или молба за помош?
Можеби и самите тоа сте го кажале некому. Иако ова може да биде вистина, во повеќето случаи реалноста е дека веројатно лажете кога сакате да кажете некоја од следниве работи.
Ова е правата вистина која се крие позади фразата: „Немам време’.
– Ако добиеме таков одговор, обично го сфаќаме како вистина – на крајот на краиштата, кои сме ние да испитуваме кој колку време има или нема? Но, потсвесно честопати се прашуваме дали едноставно добиваме брз и лесен одговор. Единствената причина поради која и понатаму се сомневаме во тој изговор е тоа што и самите ние неодамна сме го кажале тоа некому. Па, што всушност значи ова? ;
– Навистина има многу обврски кои мора да ги завршите и едноставно физички не постигнувате. Многумина од нас преземаат премногу одговорности и иако сакаме да им помогнеме или да се видиме со пријателите, чувствуваме дека сме под стрес, бидејќи веќе имаме многу работи што треба да ги направиме тој ден;
– Мора да направите поважни работи од она што ви го сугерираат: ова значи дека некој или нешто ви е поважно во тој момент;
– Немате ништо друго за правење, но и понатаму не сакате да најдете време за тој човек: ладно ви е или сте уморни или гладни… Можеби во тој момент навистина сакате да биде сами, сакате само добра книга и чаша вино, но се чувствувате бесно бидејќи мора да лажете дека немате време;
– Немате ништо друго за правење, но не сакате да им објаснувате на другите зошто не сакате да им излезете во пресрет: понекогаш е полесно да излажете отколку да објаснувате дека едноставно не сте за кафе или не сакате да помогнете. Можеби не сте расположени и најдобро е да кажете: „Жал ми е, навистина немам време“.
Било како, сите знаеме дека овој одговор во 90% од случаите е лага. Меѓутоа, никој од нас не сака да ја разоткрие личноста која го кажува тоа, бидејќи и сами го користиме овој одговор.
Меѓутоа, ако пријателот на повик за кафе ви каже дека нема време, преиспитајте го тоа пријателство. Реченицата ‘немам време’ прочитајте ја како ‘не си ми важен’.
А следниот пат кога сами ќе се најдете во ситуација во која сакате да кажете ‘немам време’, сетете се дека луѓето не се наивни и дека тогаш една од следниве мисли ќе им помине низ глава:
– До толку не знаеш да се организираш, што никогаш немаш време;
– Толку си арогантен што не ти паѓа на памет ниту да ми објасниш зошто немаш време;
– Очигледно ти мене не ме почитуваш, а ни нашето пријателство.
Вистина е дека секогаш ќе најдете време за личноста за која ви е грижа, без разлика дали тоа е пријател, партнер или семејство.