Целиот текст го пренесуваме интегрално:
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Печатница Европа 92, во целост ги демантира крајно тенденциозните гласини, пласирани по социјалните мрежи во врска со загадувањето.
Имено, Печатница Европа 92 е општествено одговорна компанија која се грижи за Заштита на животната средина и редовно врши мерења на нивото на Бучавата, Издувните гасови и ПМ10 честичките. Последното мерење е извршено на 17.10.2019 од акредитирана фирма, и сите измерени параметри се во согласност со Законските норми. Резултатите од мерењата се доставени до Подрачната служба при Општина Кочани и до Македонскиот информативен центар за животна средина и просторно планирање при Министерството за животна средина и просторно планирање, и истите се јавно достапни за секој заинтересиран граѓанин.
Печатницата исто така поседува и ИСО сертификат ISO14001 за заштита на животна средина.