Европска недела на мобилност – Дебата за сообраќајните предизвици во Кочани

Општина Кочани во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани организираше дебата по повод Европската недела на мобилност.

Во присуство на градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, командирот на ПО за БПС – Кочани и претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани Роберт Богатинов, директори на основните и на средните училишта во градот, претставници на автошколите и локалните медиуми се разговараше за управување со паркирањето и безбедноста во сообраќајот и за урбаната мобилност како основа за заштитата на животната средина, здравите навики и мудрото поврзување на превозните решенија, како и за подобро управување со сообраќајот и паркирањето во општина Кочани.

На средбата, градоначалникот Папазов информираше дека Општина Кочани е една од петте општини за кои Министерство за транспорт дава техничка помош за развој на План за одржлива урбана мобилност.

Од дебатата произлегоа заклучоци за реализација на засилени превентивни мерки со едукација на сите учесниците во сообраќајот; промена на режимот на сообраќај и обезбедување поголем број места за паркирање и воведување наплата на сите постоечки паркиралишта; подобрување на патната инфраструктура, бележење на хоризонталната и промена на вертикалната сигнализација; поголема полициска контрола на експресниот пат Штип – Кочани и надополнување на утврдениот сообраќаен режим.

Сподели: